Во Италија стапија во сила построги мерки против коронавирусот
Во Италија од денеска стапија во сила построги мерки против коронавирусот, со кои невакцинираните лица ќе бидат исклучени од многу јавни активности, и нема да можат да користат јавен превоз без ковид-потврди.
Правилата важат и за користење на јавен превоз и хотелско сместување. На пример, досега, патниците кои патувале со воз на подолга релација морале да покажат дека се вакцинирани, дека прележале Ковид-19 или се негативни на коронавирус.
Од понеделник ќе се бара „зелен сертификат“ и за метро, автобус и меѓуградски превоз.
Мерките не се однесуваат на деца до 12 години бидејќи се уште не можат да се вакцинираат. Но, според владините планови тиа може да почнат да се вакцинираат веќе од 16 декември.
Италијанскиот медицински регулатор веќе ја одобри вакцината на Фајзер/Бионтек во помали количини за деца на возраст од пет до 11 години.
Задолжителните вакцини на училишниот персонал, полицајците и војниците ќе почнат на 15 декември. Вакцинацијата на вработените во здравството е задолжителна од април.
Ново на Сител
-
Националното биро за осигурување: Цената на авто осигурувањето е непроменета од 2008 година, реално е покачувањето
-
Се одржа Меѓународниот натпревар за сирени во Шангај | ВИДЕО
-
ВИ: „Мона Лиза“ рапува
-
УКИМ донесе Одлука за основање Фондација „Горан Стефановски“
-
Кари ја освои наградата „Џери Вест“
-
Денвер трет пат го совлада ЛА Лејкерс
-
Први мај и вторитот ден на Велигден неработни за сите граѓани, а Велики петок за граѓаните од православна вероисповест
-
На западот на Австралија 160 насукани, а 26 угинати китови