Во Истанбул се отвора 23. енергетски форум
„Да прифатиме нови хоризонти“ е мотото на 23. меѓународен форум за енергетика, кој почнува денеска во Истанбул и ќе трае до 13 октомври.
Истанбул, како домаќин на форумот во исто време е и мост, кој ги поврзува енергетските траси меѓу истокот и западот. Во дискусиите и решенијата на форумот се очекува да биде застапена енергетската соработка меѓу истокот и западот.
Над десет илјади учесници се регистрирани на форумот, а меѓу нив претседателот на ОПЕК Мохамед Баркиндо, министри, експерти од енергетскиот сектор, компании, медиуми, граѓански организации.
Европската унија ќе биде претставена од заменик-претседателот на Европската комисија, Марош Шефчович.
Форумот е предвидено да го посети и рускиот претседател Владимир Путин, кој треба да им се обрати на учесниците. Путин е планирано утре да пристигне во Истанбул.
Ново на Сител
-
ЦУК: Активни пожари нема, под контрола тој во природниот резерват Јасен
-
Алиу: Воведовме нов електронски модул за транспарентен преглед на донации во здравството, со дигиталните решенија го отвораме системот пред јавноста
-
Сообраќајот надвор од градските средини е зголемен, на ГП Табановце за излез се чека околу 10-15 минути
-
Почнува јавниот увид во Избирачкиот список за локалните избори
-
Пет загинати и десетина повредени во автобуска несреќа на автопат во Њујорк
-
Третина од Германците се плашат дека ќе ја изгубат работата поради вештачката интелигенција
-
По Вашингтон, Трамп најави распоредување на федералните сили и во Чикаго и Њујорк
-
Променливо облачно со локален пороен дожд, грмежи и ветер