Во Истанбул расцвета рекордно голем тепих од лалиња
И оваа година на плоштадот Султан Ахмет спроти црквата Света Софија во Истанбул расцвета рекордно голем ќилим, составен од стотици илјади лалиња кои секоја година се садат со цел да се потсети на освојувањето на Констатинопол од страна на Османлиите.
Цветната површина од 565.000 лалиња, е „распослана“ на 1.740 метри квадратни. Бројката 565 ги симболизира 565-те години од 1453-та, кога Османлиите го освоиле Константинопол, денешен Инстанбул.
Ова е досега најголемиот „ќилим од лалиња“ во светот.
Лалињата, традиционално, потекнуваат од источна Турција и од степите во Централна Азија, каде што овој цвет, според верувањето, бил првпат култивиран од Османлиите. Со ова, Турците денес сакаат да пратат порака дека всушност Турција е „земја на лалињата“, а не Холандија.
Турција и Холандија веќе не спорат за тоа која земја е прататковината на нежниот цвет. Истанбулскиот Фестивал на лалињата во 2013. беше посветен на 400-годишнината од воспоставувањето билатерални односи меѓу двете земји.
Ново на Сител
-
Ослободен од притвор синот на норвешката принцеза
-
Герасимовски: Нема да бидам дел од раководство на СДСМ, останувам посветен во општината
-
Кос: Очекувам Северна Македонија да го промени Уставот и после тоа навистина да го забрзаме процесот
-
Педесет и пет години постоење на Одделот за воздухопловни единици при МВР: Службата врши и хуманитарни мисии
-
Татко и син со мотор се судриле со „пасат“ на Ленинова
-
Верстапен: Немам цел да ги бркам Шумахер и Хамилтон, но ако се пружи шанса ќе атакувам на нивните седум титули
-
Две лица со оружје ограбиле казино во Илинден
-
Европратениците ја одобрија новата Европска комисија