-->
-->
Во Истанбул митинг за поддршка на Ердоган
-->

Повеќе од десетици илјади луѓе учествуваа на денешниот митинг во Истанбул во знак на поддршка на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган и претстојниот референдум за уставни промени.
Ердоган истакна дека со потврдниот глас на референдумот, што е закажан на 16 април, на Турција ќе и донесе поголема стабилност и моќ.
- Дали сакате на 16 април да и кажете „да“ на силна Турција? Дали сакате голема Турција, го запраша Ердоган насобраниот народ, кој громогласно потврдно одговри.
Тој со хекикоптер пристигна во квартот Јеникапи, каде се одржа митингот. На истото место Ердоган одржа митинг и на седми август 2016 година, што беше одржан за зајакнување на националната солидарност по неуспешниот воен удар на 15 јули.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Девизните резерви 5,21 милијарда евра
-

Завршува учебната, основците и средношколците одат на летен распуст
-

Интерпелацијата на министерот за земјоделство Трипуновски пред пратениците
-

Вашингтон ги повика европските земји да воведат ограничувања за патувања поради еболата
-

ЕУ предлага пакет поддршка за земјоделците погодени од трошоците за ѓубрива
-

Украина изврши нови напади врз Москва и повеќе руски региони
-

Сончево и топло, попладне локален пороен дожд
-

Пет земји од ЕУ предлагаат привремено ограничување на правото на глас за идните земји членки
