Во иста вечер имав секс со двајца мажи, а потоа со дечко ми!

Во анонимната исповед, оваа жена го откри вистинското лице на зависноста од секс. „Гладта" била толку силна, што имала секс со двајца мажи пред состанокот со момчето.
Некои луѓе тврдат дека зависноста од секс всушност не е вистинска зависност. Некои одат толку далеку што ја поздравуваат ненаситната глад за секс. Меѓутоа, жената која сакала да остане анонимна сподели со светот каков товар всушност создава таа зависност, пренесува австралискиот портал Gold Coast Bulletin.
Понекогаш се уверував дека немам проблем бидејќи има многу луѓе на кои им е полошо отколку мене. Тоа се оние кои на работа се искрадуваат во тоалет бидејќи не можат да издржат цел ден без секс. Но, од друга страна, ако работев во фабрика каде што бучните машини ги маскираат звуците во тоалетот, можеби и јас би го правела тоа. Можете дури да си купите и вибрирачки прстен за да бидете подготвени во секој момент.
На мажите, кога станува збор за тоа, им е многу полесно отколку на жените – тие своето задоволство можат лесно да го добијат со мастурбирање во WC. Јас работам во стресно окружување во кое тоа не е возможно. Токму поради тоа се чувствувам лошо. Секогаш мислев дека мажите се повеќе опседнати со сексот отколку жените.
Зарем не сме ние тие кои глумат главоболка само за да се извлечат од извршувањето на брачните обврски? Зарем не се вртиме ние на другата страна од креветот кога сме уморни?
Мене тоа никогаш не ми беше проблем. Се чини дека мажите се оние кои се секогаш уморни. Дури и кога имам главоболка, секогаш сум подготвена затоа што сексот наводно ќе ја намали болката. Тоа не е лошо ако сте во моногамна врска. Еднаш имав секс со двајца мажи во една вечер и тоа пред да се видам со момчето со кое се забавував во тоа време. Се најдов со нив само поради сексот. Понекогаш сонувам да сум со десет мажи заробена во куќа за време на целиот викенд и да имаме само секс, да ми ги исполнуваат сите желби, оргазмите само да се нижат...
Она што е интересно е дека во порно филмовите мажите се секогаш подготвени за експериментирање. Ретко кога сум запознала маж кој со мене сака уште еден маж во креветот. Лицемерно се либерални, се прават дека би пробале сè, сè додека таа можност не е реална. Мене жените не ме интересираат, јас сакам мажи.
Ново на Сител
-

Мицкоски: До крајот на неделава технички исправна вода во Гостивар, за пиење се очекува кон крајот на идната
-

Работник ги нападнал газдите со нож поради неисплатени дневници
-

Рубио: Иран моли за договор
-

Град Скопје: Нови 60 садници во Градскиот парк - ги санираме последиците од невремето
-

Утре пороен дожд, грмежи и ветер
-

Општина Струмица ги повикува граѓаните да ги пријават штетите од невремето за да се обезбеди соодветна поддршка
-

Вардар поразен на домашен терен од Рига
-

Со даночно затајување управител и правно лице го оштетиле Буџетот за 8.070.791 денари
