Во индустријата раст на бројот на работници
Бројот на работници во индустријата бележи раст. Стаитистичките податоци објавени денеска покажуваат дека во ноември во однос на ноември лани бројот на работници има раст од 4,7 проценти, а во периодот јануари - ноември 2017 година во однос на тој период лани 2,1 отсто.
Бројот на работниците во секторот Рударство и вадење камен во ноември 2017 година, во однос на ноември 2016 година, бележи опаѓање од 1,1 отсто, во секторот Преработувачка индустрија пораст од 5,4 отсто, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација oпaѓање од 0,6 отсто.
Според главните индустриски групи, бројот на работниците во индустријата во ноември 2017 година, во однос на ноември 2016 година, бележи пораст кај Интермедијарни производи, освен енергија за 12,9 отсто, Капитални производи за 15 отсто и Tрајни производи за широка потрошувачка за 2,4отсто, додека опаѓање бележи кај Енергија
за 0,8 отсто и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 1,2 отсто
Ново на Сител
-
Владата го задолжи Министерството за правда да поведе постапка за разрешување на државниот јавен обвинител
-
Тема на денот со Бесар Дурмиши, министер за економија и труд
-
Владата иницира разрешување на Коцевски
-
10% маржа на 100 групи производи до крајот на април, мерката ќе биде донесена деновиве
-
Пукање во Чаир, еден убиен и двајца повредени
-
Какви мерки ќе има за цените?
-
Со инвестиции од 55 милиони евра во енергетиката, ќе се обезбеди струја за 20.000 домаќинства
-
Пад на листата за перцепција на корупцијата според Транспаренси