Во Индија родени четири гепарди кои беа истребени веќе 70 години
Повеќе од 70 години откако гепардите беа официјално прогласени за исчезнати во Индија, земјата сега е дом на четири младенчиња гепарди, изјави тамошниот министер за развој на животната средина, Бупендер Јадав.
Малите гепарди се добиени од две од осумте единки донесени минатиот септември од Намибија во индискиот Национален парк „Куно“ во средишната индиска сојузна држава Мадја Прадеш, како дел од планот да има 50 од оваа раса големи мачки во Индија следните пет години. Јадав на Твитер рече дека овој подмладок е „важен за зачувувањето на дивиот“ свет во Индија.
И премиерот Нарендра Моди го поздрави раѓањето на младенчињата, како „прекрасна вест“.
Минатиот септември, три машки и пет женски единки од овој вид „чита“, беа донесени од Намибија во Индија. Од нив, една угина.
Овие диви мачки можат да се најдат во јужна и источна Африка - Намибија, Боцвана, Кенија и Танзанија. Според податоците на Светскиот фонд за природата, денес има помалку од 7.000 гепарди останати во дивината.
Ново на Сител
-
Таравари го разреши Арбен Фетаи од партиската функција
-
Украина со апел до меѓународната заедница: Запрете ја Русија
-
Пад на вредноста на доларот поради намалување на кредитниот рејтинг на САД
-
Алкалоид го пречекува АЕК во реваншот од финалето на ЕХФ Европскиот куп
-
Најмногу дожд во Крива Паланка, Виница и Струмица
-
Приведен возач во Штип, возел со 2,10 промили алкохол во крвта
-
Муцунски на одбележување на 30-годишнината од Дејтонскиот договор
-
Во Северна Кореја уапсени три лица поради неуспешната промоција на воен брод