Во Индија регистриран најголем број смртни случаи од Ковид-19 во еден ден
Индија денеска соопшти дека во последните 24 часа во земјата од Ковид-19 умреле 1.133 лица, што е најголем број на смртни случаи регистрирани за еден ден од почетокот на пандемијата.
Индиското Министерство за здравство, исто така, соопшти за 75.809 нови случаи на инфицирани со коронавирус, со што вкупниот број на заразени достигна речиси 4,3 милиони лица, пренесуваат американските медиуми.
Индија се наоѓа на второто место во светот според бројот на потврдени случаи на коронавирус, веднаш по САД.
Од почетокот на пандемијата во оваа земја умреле 72.775 лица.
Повеќе од еден месец Индија бележи најголем број нови инфекции дневно во светот.
Пандемијата на коронавирусот е економски поразителна за Индија, бидејќи нејзината економија во вториот квартал од годината е опадната за речиси 24 проценти.
Ново на Сител
-
Мицкоски: Одржав состанок на кој ги поставивме контурите на рамката врз која ќе го градиме коалицискиот потенцијал со останатите партии
-
Атина очекува да ги чуе позициите на новата Влада во Скопје, а потоа ќе коментира
-
Митрески го чека извештајот од ДИК и ќе закаже седница за инаугурација на Сиљановска Давкова во недела во 12 часот
-
Мазутот поевтинува, цената на бензините и дизелот не се менува
-
Вкупно 538 случаи на голема кашлица до 2 мај, регистрирани првите од Крушево
-
Белгиските и холандските медиуми за изборите: Гласачите изразија незадоволство од бавните преговори за членство со ЕУ
-
Во Шпанија луѓето живеат во просек 84 години
-
Лазаров побара голема поддршка од публиката пред реваншот со Фарски острови