Loading Video...
Свет
7. March 2020 - 16:52

Во Идлиб се почитува прекинот на огнот

Се почитува договорот за примирје меѓу Русија и Турција во сириската покраина Идлиб. Турскиот министер за одбрана изјави дека денеска не се забележани никакви нарушувања на прекинот на огнот, кој беше постигнат во Москва меѓу турскиот и рускиот претседател.

За следната недела е закажана посета на Анкара од руска воена делегација, а на средбата ќе се разговара за натамошните чекори.

Русија и Турција поддржуваат спротивставени страни во конфликтот во Сирија. Москва го поддржува претседателот Башар ал Асад, додека Турција поддржува некои од бунтовнички групи.