Во „Ибис стајл“ сместени 59 лица во изолација
Во хотелот „Ибис стајл“ (поранешна Мала Богородица – Систина) вчеравечер се примени првите 59 лица кои во земјава влегле на Деве Баир и од Косово и е потребно да се во изолација, односно во карантин. Четворица од нив кои имале покачена температура веднаш се испратини на проверка за Ковид 19 во Инфективната клиника.
Во хотелот, како што информираат од „Аџибадем Систина“, се и шест полицајци кои ја обезбедуваат локацијата и 16 вработени кои работат во смени. За вработените е обезбедена заштитна опрема од Клиничката болница „Аџибадем Систина“.
-Собите во хотелот се целосно опремени според барањата и потребите за згрижување граѓани кои треба да се во изолација. Клиничката болница „Аџибадем Систина“ обезбедува и медицински персонал, поддршка и опрема. За лицата ќе биде обезбедена и храна. Освен редовна контрола на пациентите, за итни случаи докторите на „Аџибадем Систина“ ќе стојат целосно на располагање и ќе доаѓаат на повик, велат од „Аџибадем Систина“.
Лицата со симптоми на Ковид 19, посочуваат, ќе бидат пренесувани со асистенција на Министерството за здравство во Инфективната клиника.
„Ибис стајл“ е приватен капацитет кој на располагање на државата го ставија „Орка холдинг“ и „Аџибадем Систина“. Двата хотели Ибис Скопје – „Ибис Центар“ и „Ибис стајл“ имаат капацитет од 214 кревети, од кои 51 во двокреветни соби, 101 во еднокреветна соба и три соби се за луѓе со посебни потреби. Хотелите располагаат и со шест семејни соби.
-Овие капацитети беа ставени на располагање без претходни услови, но сепак се заблагодаруваме на соработката со владиниот кризен штаб и известуваме дека трите оброци за изолираните лица ги обезбедува државата во вредност од 600 денари по лице. Сите останати трошоци за сместување, вработени и медицинска поддршка ги покрива Орка холдинг“ и „Аџибадем Систина“, порачуваат од „Аџибадем Систина“.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Димитар Ковачевски, претседател на СДСМ
-
Годишнина од заседата кај Ваксинце
-
Христијаните го празнуваат Велики петок
-
Обичаи и верувања за Велики петок
-
Дали и кој ќе им ги врати парите на граѓаните кои платија поскапо осигурување за регистрација на возилата?
-
Дали Токсикологија е одраз на функционирањето на здравствениот систем?
-
Македонија на 36-то место на индексот за слобода на медиумите за 2024 година на „Репортери без граница“
-
Тивок бојкот или уште поголема излезност? Мицкоски уверува дека цензусот за Силјановска е обезбеден