Во Хрватската радио-телевизија 16 откази поради лажни дипломи
Стручната служба на Хрватската радио-телевизија (ХРТ) при проверува на документите за стручната подготовка на вработените, досега пронашле 16 лажни документи - четири факултетски дипломи и дванаесет средношколски сведителства, по што сопствениците на тие документи добиле отказни решенија.
Како што јави ХИНА, ХРТ и натаму ја продолжува постапката за проверка на документите за стручната подготовка на вработените, со цел квалитетно, целосно и долгорочно да ја утврди кадровската структура и составот на вработените.
ХРТ нагласува дека по првите проверки на почетокот на минатата година се пронајдени четири фалсификувани дипломи и дека кон крајот на 2015 година започнала и проверка на сведителствата и останатите документи на вработените.
- На сите вработени за кои се потврди дека поседуваат лажни документи им се дадени отказни решенија, а се уште е спорна документацијата која е испратена на проценка кај соодветните државни тела, истакнува ХРТ.
Во соопштнието на ХРТ не се наведува на кои работни позиции биле вработените со фалсификувани средношколски сведителства, но меѓу оние со лажни дипломи, како што се открива, биле сметководител, вработен во сектроот за размена на видео материјали и мајстор за осветлување.
Според последните податоци, на 31 јануари оваа година ХРТ имаше 2.851 вработени.
Ново на Сител
-
За младите да се задржат во општините мора активно да учествуваат во креирањето на локалните политики
-
Мицкоски најавува реконструкција на владата после локалните избори
-
СДСМ: Четири години локална власт на ВМРО-ДПМНЕ - четири години разочарувања
-
Тужбата на Шеху против ДИК во понеделник пред Управен суд
-
Тема на денот со Сашо Клековски - Директор на ФЗО
-
Преглед на вестите од светот
-
ДИК го усвои упатството за помал број на советнички места во дел од општините
-
Левица најави кандидат за Скопје - Партиите со заострена реторика за локалните избори