Во Хрватска уапсен министерот за здравство Вили Берош
Хрватските медиуми јавија утрово дека е уапсен министерот за здравство Вили Берош, по што премиерот Андреј Пленковиќ свикал средба со коалициските партнери.
„Премиерот го разреши Вили Берош од министерската должност, и ја назначи д-р Ирена Хрстиќ за државен секретар која ќе раководи со Министерството за здравство до стапување на функцијата на новиот министер“, јавија медиумите во Хрватска.
„По 11 часот очекувајте медиумска конференција на премиерот“, соопштуваат од Владата.
Во 13 часот прес конференција закажаа и од Државното обвинителство.
Припадници на хрватската Национална полициска канцеларија за сузбивање на корупција и организиран криминал утрово организираа голема акција во која упаднаа и во домот на актуелниот министер за здравство Вили Берош.
На адресата на министерот за здравство Вили Берош, како што објави Јутарњи лист, дошле со наредби за претрес.
Според првичните информации, истражителите освен министерот, цел се и неколку лекари, меѓу кои и директори на болници.
Канцеларија за сузбивање на корупција и организиран криминал (УСКОК) соопшти дека „приведувањата и спроведувањето на итните доказни дејствија се резултат на истрагите што претходно ги спроведе УСКОК“.
„Наведените дејствија се вршат на подрачјето на Загреб и Скрадин во врска со повеќе лица, од кои едното е висок државен функционер, а за кои постои основано сомнение дека сториле коруптивни кривични дела. По распитот на осомничените УСКОК ќе донесе одлука за понатамошно постапување по предметниот случај за што благовремено ќе ја информира јавноста“.
Ново на Сител
-
Голема историска средба Трамп-Путин на Алјаска, Зеленски очекува покана за следната средба
-
Тема на денот со Васко Наумовски, поранешен амбасадор во САД
-
Голем пожар во Јажинце
-
Стојановска: Прагот од 0.95% потребни потписи е потценување на независните
-
Самит САД-Русија посветен на иднината на Украина на Алјаска
-
Два критични пожари во околината на Скопје
-
Цвета Ристовска е нов заменик претседател на Антикорупциска
-
Покана за распит на Билјана Ивановска