-->
-->
Во Хрватска продолжуваат преговорите меѓу Мост и СДП за идната влада
-->
Коалицијата Мост продолжува денеска со разговорите со СДП-коалицијата Хрватска расте која ги прифати нивните услови, а претседателите на тие коалиции Божо Петров и Зоран Милановиќ очекуваат до вторник да имаат кандидат за мандатар, непартиски или од Мост.
Петров синоќа по состанокот рече дека не разговарале за мандатар, а Милановиќ потсети дека и претходно го споменал Петров за мандатар бидејќи има „одреден легитимитет“.
Петров додаде дека Татковинската коалиција „веќе не е во игра“.
– Почнуваме со разговори за формирање влада во добра атмосфера. Оптимисми сме. Нема враќање на старите позиции, објави Милановиќ на Фејсбук.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Статус кво на токсикологија - Догороворците си одат на работа, ДСЗИ ќе врши надзор неделава
-
Епидемијата со голема кашлица не стивнува
-
Жителите на прилепско Оревоец на Суд ќе ја бараат правдата
-
Во Скопје има 180 пожарникари, а потребни се над 450 - Подобри услови ќе бараат од новата Влада
-
Преглед на вестите од светот
-
Европската комисија повикува на почитување на Преспанскиот договор
-
Се одбележува 20 мај - Денот на пожарникарите
-
Стабилна состојба на работникот, кој се здоби со тешки повреди во лифт во штипски угостителски објект