Во Хрватска пристигнале над 320.000 мигранти
Повеќе од 320.000 мигранти досегале ја минале хрватската граница на патот кој води кон западна Европа, а само денеска од полноќ до 9 часот влегле 2,225 мигранти, од кои 2.097 се сместени во зимскиот транзитет центар во Славонски Брод, соопшти хрватското Министертсво за внатрешни работи.
- И натаму се очекува голем бран на имигранти кои пристигнуваат преку Србија, а од почетокот на миграциската криза во Хрватска се влезени 320.215 имигранти, се наведува во соопштението.
Во претходните 24 часа на граничните премини Бапска и Товарник не преминал ниту еден мигрант. За повеќе од 40 дена, откога трае миграциската криза нуз овие гранични премини минале околу 600.000 имигранти, изјави денеска потпаролот на вуковарско-сремската полиција, Домагој Џигумовиќ.
Прифатниот камп во Опатовац, во кој бегалците и мигрантите се довезуваа од Бапска и каде беа регистрирани и им беше пружена потребната помош е празен. Вчера почна растурањето на кампот, а ќе биде задржан само основниот објект со намена повторно да може по потреба да се активира.
Бегалците и имигрантите кои од Србија влегуваат во Хрватска, се превезуваат до зимскиот транзитен центар во Славонски Брод, па од таму со воз во Словенија.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Бојан Кордалов, комуниколог
-
Тешка битка со пожарите - спасен живототот на припадник на армијата кој се борел со огнот
-
Мицкоски во Пустец
-
Пожари го пеполосуваат Балканот и поширокиот регион
-
Во Ургентен на Клинички дневно имаат по 10-15 повредени во сообраќајни несреќи
-
Физичка пресметка со секира во центарот на Струмица, еден приведен, друг во бегство
-
Муцунски на состанок за мир во Истанбул – стратешка цел на Западен Балкан е полноправно членство во ЕУ
-
СДСМ бара оставка од министерот за спорт