-->
-->
Во Хрватска починаа 725 лица од Ковид-19 за една недела
-->
Според последниот редовен неделен извештај на Хрватскиот институт за јавно здравје, 725 пациенти починале од Ковид-19 во Хрватска, од кои 274 биле приклучени на апарати за дишење.
Повеќето од починатите имале значителни коморбидитети или биле повозрасни лица. Просечната возраст на смртност во овој бран на епидмеијата е 77 години.
Вкупниот број на тестирани примероци е 57.523, а учеството на позитивните тестови во вкупниот број на тестови во последните седум дена е 28 проценти.
Во претходните седум дена се разболеле вкупно 16.116 лица, а 52,4 проценти од нив се жени.
Најмал број пациенти е забележан меѓу децата, 8,5 проценти, а во таа група најголем број се средношколци.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Комбе излетало од мост на патот Штип-Радовиш, има починати | ФОТО
-
ДЗС: Се уште има чадење од Дрисла, но во помал обем, дивата депонија Вардариште е целосно изгасната
-
Нетанјаху: Нема да има палестинска држава
-
Во Собранието седница за Предлог-декларацијата за фер, слободни и демократски избори
-
Полицијата објави видео-снимка од осомничениот за убиството на Кирк
-
Поранешнот претседател на Бразил осуден на 27 години затвор
-
Дел од општините Аеродром и Центар без вода
-
Променливо облачно, до 33 степени