Во Хрватска досега влегле 251.906 бегалци

Во Хрватска до сега влегле 251.906 бегалци, а само во саботата границата ја минале нови 11.500, што е најголемиот број на лица кои во само еден ден влегле во земјата од почетокот на бегалската криза.
Во моментов во привремениот прифатен центар во Опатовац има 1.528 лица, а и натаму се очекува бранот бегалци што пристигнува преку Србија, соопшти хрватското Министерство за вантрешни работи.
Најголемиот број бегалци источната граница со Србија ја минуваат на подрачјето на Бапска, каде приливот не се намалува. Штом ја минаат хрватската граница, полицијата бегалците и мигрантите со автобуси ги превезува до прифатниот центар во Опатовац, од каде со автобуси или возови одат кон запад и границата со Словенија.
Хрватскиот министер за внатрешни работи, Ранко Остојиќ, во Опатовац изјави дека на 2 ноември првите бегалци ќе бидат сместени во зимскиот транзитен центар, што се гради во Славонски Брод, а може да прими 5.000 лица, пренесе Хина.
Ново на Сител
-

Пропадна изборот за член на Антикорупциска, ќе се распишува нов оглас
-

Тема на денот со Миле Цеков, пратеник од ЗНАМ
-

Дизелот поскапува за 3.5 денари, цените на бензините остануваат исти
-

Трамп ги одложи нападите врз иранските електрани на 5 дена
-

ФЗО констатирал злоупотреби кај секое 5-то издадено боледување на вработени во МВР
-

Средба Муцунски - Кос во Брисел, се бара достоинствено решение на спорот со Бугарија
-

Мицкоски потврди - владина реконструкција во мај или јуни
-

Препораките на ОБСЕ/ОДИХР - основа за измена на изборниот законик
