Во Хрватска денеска трет бојкот на трговските синџири
На повик на платформата „Ало инспекторе“, денеска во Хрватска се одржува еднодневен бојкот на сите производи и услуги, во знак на протест на потрошувачите поради високите цени.
Исто така, денеска стапува во сила и одлуката на Владата за директни мерки за контрола на цените на одредени производи, со која се прошири постојната листа од 30 производи со ограничени цени на 70 производи.
Утре започнува неделен бојкот на малопродажниот синџир Конзум.
Еднонеделен бојкот на Конзум беше одлучен врз основа на анкетата што платформата ја објави на својата веб-страница и што траеше 24 часа на 5 февруари
Со одлука на потрошувачите, првиот малопродажен синџир што ќе биде бојкотиран една недела од сабота, 8 февруари до петок, 14 февруари е Конзум. Анкетата забележа 211,638 гласови од 144,732 гласачи.
За бојкот на Конзум се изјасниле 31,7 отсто од гласачите, потоа Плодин со 29,1 отсто и Студенац со 6,87 отсто.
Во средата вечер заврши еднонеделниот бојкот на три трговски синџири – Лидл, Еуроспин и ДМ и три производи – Кока Кола и други газирани пијалоци, флаширана вода и детергент за миење садови.
Покрај неделниот бојкот, 7 февруари ќе биде трет последователен петок во кој се повикани граѓаните да се воздржат од секаков вид купување.
Ново на Сител
-
30 дена притвор за обезбедувачот на Мицкоски осомничен за оддавање службена тајна
-
Таравари: Не планираме да излеземе од Владата
-
Нетанјаху се откажа од својот кандидат за нов шеф на Агенцијата за внатрешна безбедност
-
2.508 сообраќајни прекршоци во текот на продолжениот викенд
-
Фон дер Лајен: Ииаме се што ни е треба за да ги заштитиме нашите луѓе и просперитет
-
Москва: Не веруваме дека САД ќе го напуштат НАТО
-
Над 340.000 пензионери од денеска ќе добиваат повисоки пензии за 2500 денари
-
За седум дена санкционирани 116 непрописно паркирани виозила на територија на општина Центар