Во холандските лични карти веќе нема да се наведува полот на граѓаните
За неколку години на холандските лични карти веќе нема да се наведува полот на граѓаните, а министерката за образование, култура и наука ја оцени ваквата графа како непотребна.
Во писмо до парламентот, во кое увид имала агенцијата АФП, министерката Ингрид ван Енгелшовен, во чиј ресор се и политиките за еманципација, ја искажува нејзината намера на личните карти од 2024/2025 година да се укине полето за полот на граѓаните.
Министерката сака што е можно повеќе да го ограничи, како што вели, непотребното истакнување на полот, кој сепак и натаму ќе стои во пасошите, што е обврска пропишана од Европската унија.
„Холандија нема да биде прва земја што ќе издаде лични карти во кој не се наведува полот на граѓаните. Во германската лична карта нема категорија пол“, напишала министерката.
Ван Енгелшовен проценува дека жителите мора да бидат во можност да го обликуваат сопствениот идентитет и да живеат во слобода и безбедност.
Ново на Сител
-
Двајца кумановци, управители на угостителски објект, пуштале гласна музика во денови на жалост за трагедијата во Кочани
-
Путин: Резултатот од војната во Украина треба да биде долгорочен мир и безбедност за Русија
-
Рубио: Русија подготвува документ со барања за прекин на огнот во Украина
-
Во Ватикан почна инаугуративната миса на папата Лео Четиринаесетти
-
Ресенчанец возел со 2.38 промили алкохол во крвта и без дозвола
-
Земјотрес со јачина од 3.4 степени почувствуван во Охрид и Струга
-
Претреси во Струмица и Гевгелија, пронајдена дрога, уапсени три лица
-
Најмногу дожд наврна во Скопје