Loading Video...
Свет
18. January 2023 - 12:27

Во хеликоптерска несреќа во Киев загина украинскиот министер за внатрешни работи

Украинскиот министер за внатрешни работи Денис Монастирски, неговиот заменик и еден државен секретар се меѓу 18-мината загинати во хеликоптерската несреќа што утрово се случи во Киев.

Военото летало паднало во станбен блок во кој имало и градинка и поради тоа меѓу загинатите има и 3 деца. 

Со тешки повреди хоспитализирани се 22 лица. Засега нема информации за причините за несреќата а украинските воени лица не ја поврзуваат со руски напад. 

Претседателот Зеленски напиша дека оваа трагедија е ужасна и дека предизвикала дополнителни болки за Украинците. Информираше дека веднаш дал наредба да се утврдат причините за истата. 

Сочувство за несреќата изразија голем број на европски лидери. За шефицата на ЕК, фон дер Лајен ова е несреќа во срцето на Украина.

- Трагедија во срцето на земјата распарчена од војна. Изразувам искрено сочувство до семејството на жртвите, украинскиот претседател Зеленски и целата земја по хеликоптерската несреќа кај Бровари, објави фон дер Лајен на Твитер.

Сочувство изрази и претседателот на Европскиот совер, Шарл Мишел кој во говорот во европскиот парламент посочи дека сега е момент кога Украина треба да ја добие најсилната воена помош. 

Шефот на руската дипломатија, Лавров пак вели дека она што се случува сега во Украина е резултат на долгогодишните подготовки на САД и нивните сателитски држави за почеток на глобалната хибридна војна против руката федерација.

Поранешниот руски претседател и актуелен шеф на советот за безбедност на Русија, Медведев пак, денеска соопшти дека два главни услови за прекин на огнот и почеток на мировните преговори се признавање на резултатите од референдумите и изготвување на нови меѓународни прописи.