Во Грција уапсени Бугари за нелегално посвојување
Властите во Комотини, североисточна Гrција, уапсиле четворица бугарски државјани во врска со илегално посвојување на бебе.
Уапсени се биолошката мајка и татко на бебето, на возраст од 32 и 36 години, една 41-годишна Бугарка кај која двојката престојувала во Грција, и уште една Бугарка на возраст од 37 години која ја придружувала мајката при породувањето во болница во Катерини.
Полицијата се уште трага по неидентификуван Бугарин, кој наводно ја убедил бремената жена да го даде детето на посвојување во Грција.
Според досегашната истрага, неидентификуваниот Бугарин и пришол на една грчка двојка и им кажал дека може да им договори илегално посвојување.
Во исто време, весникот „Етнос“ пишува и дека уапсените Бугари се обиделе да го продадат бебето за осум илјади евра.
Ново на Сител
-
ССМ на првомајски протест
-
Традиционален првомајски пикник
-
Oхрид за првомајските празници исполнет со гости
-
Преглед на вестите од светот
-
Ќе бараат ли партиите разрешување на првата антикорупционерка?
-
Тема на денот со Александар Пандов, директор на управа за извршување санкции
-
Нема оставка од антикорупционерката
-
Пандов се сомнева дека криминални банди му ја запалиле куќата