Балкан
25. January 2016 - 15:29

Во Грција склопено првото истополово цивилно партнерство

Градоначалникот на Атина, Јоргос Каминис денеска го потпиша првиот договор за граѓанско партнерство меѓу истополова двојка во Грција.

Чинот на регистрација потпишана од градоначалникот е со датум 25 јануари 2016 година и се однесува на двајца мажи, лекар и наставник кои стапија во граѓанско партнерство.

За време на церемонијата на потпишувањето во неговата канцеларија, Каминис на сопружниците им изрази најдобри желби за нивната иднина и истакна дека денеска е првиот ден од спроведувањето на законот кој дозволува истополови цивилни партнерства, и е многу значаен ден за граѓански права во Грција и за усогласување на земјата со реалноста во светот.