Балкан
6. September 2018 - 10:44

Во Грција пронајдена скулптура на Афродита украдена од музеј

Грчките власти ја пронајдоа скулптурата на Афродита која беше украдена од депо на музеј на островот Санторини.

Полицијата соопшти дека уапсила едно лице во градот Лутраки додека се обидувал да ја продаде мермерната статуа висока 80 сантиметри, чија старост се проценува на 2.000 години. Други двајца грчки државјани се осомничени за учество во кражбата.

Директорот на музејот во Санторини го потврди пронаоѓањето на вредниот предмет, а претходно за овој случај беа приведени еден чувар во музејот и уште едно лице.