Балкан
8. August 2016 - 12:17

Во Грција пристигнале над 120 мигранти

На грчките острови во источниот дел на Егејското Море во последните 24 часа пристигнале уште 126 мигранти, од кои 99 на Хиос и 27 на Самос.

Во прифатните центри на островите во источниот Егеј моментално има вкупно 9.919 мигранти, соопшти Координатовното тело за справување со мигрантската криза и додаде дека вкупниот број на мигрантите во земјата денеска изнесува 57.047 лица.

Во Грција се уште се големи стравувањата дека по неуспешниот државен удар во Турција може да дојде до поголем прилив на бегалци и мигранти.