Балкан
3. November 2015 - 21:42

Во Грција поради штрајк на морнарите во прекин фериботскиот сообраќај

Синдикатот на морнарите го продолжи вчера почнатиот 48-часовен штрајк поради што фероботите нема да сообраќаат од и до грчките острови.

Синдикатот по денешната средба со владини претставници соопшти дека одлучил да го продолжи штрајкот.

Морнарите протестираат поради намалување на пензиите и другите реформи, кои Владата треба да ги исполни по барање на меѓународните кредитори.

Синдикатот на морнарите ќе се приклучи и на националниот штрајк кој е планиран на 12 ноември.

Синдикатот се уште не одговори на барањето на Владата да направат исклучок за екипажите на фероботите кои превезуваат мигранти.

Штрајкот на морнарите ќе трае до шест часот в петок.