Во грчката армија има околу 12 илјади регрути Албанци

Во редовите на грчката армија има голем број Албанци. Од вкупно 86 илади војници , околу 12 илјади регрути се албанска националност.
Овој податок го изнесе албанскиот новинар од Атина, Роберт Горо, во емисијата „Опињон“ на тиранската телевизија Клан.
- Албанците кои не завршуваат високо образование, заминуваат на задолжителна воена обврска во армијата на Грција, така што околу 12 илјади Албанци кои живеат во Грција се во редовите на армијата. Војниците кои се на фотографијата со рацете во знакот на орелот требаше да бидат припадници на Гардата на Република Грција, изјави Горо.
Фотографиите, младите Албанци, грчки војници, според албанските медиуми ги направиле за време на одмор за да ја потврдат нивната национална припадност и оти нема никва позадина за некаква Голема Албанија, на што претендираат грчките медиуми.
Ново на Сител
-

Муцунски за МИА: Работиме на одржливо решение, кое нема повторно да создава ризици
-

Охрид полн со туристи но и со смет
-

Милионска санација за штипската болница
-

Одбележување на Илинден во Пелинце и Св.Прохор Пчински
-

Сиљановска Давкова за Илинден во Скопје
-

123 години од Крушевската република
-

Филипче со илинденска порака од Мечкин Камен
-

Уапсени се 6 лица по вчерашното пукање на семејна прослава во гостиварско
