Во гранатирање на турската војска убиени 34 џихадисти

Најмалку 34 припадници на Исламска држава загинале во текот на гранатирањата на позиции на таа терористичка организација во Сирија, извршени од турската артилерија и беспилотните летала, лансирани од јужниот дел на земјата, соопшти денеска турската војска.
Во вчерашните напади, кои претставуваат одговор на ракетните напади на Исламска држава врз јужната турска провинција Килис, уништени се шест возила и пет позиции за напад на ИД.
Турските ракети прво погодија позиции на ИД на оддалеченост од околу 12 километри јужно од границата со Сирија, а потоа четири дрона, кои полетаа од базата Инџирлик во јужна Турција, ги уништија останатите цели, нагласи војската.
Турскиот министер за надворешни работи Мевљут Чавушоглу изјави минатата недела дека САД ќе постават систем за истрелување ракети во близина на границата со Сирија.
Килис и околните подрачја на границата на двете земји се честа цел на ракетни напади на ИД изминатите месеци.
Ново на Сител
-

Николоски: Изградбата на автопатот Охрид-Кичево со одлична динамика
-

Јавна дискусија на законот за трансплантација во Велес
-

Преглед на вестите од светот
-

Мистериозна бела пена во Вардар: Дрон и инспектори во потрага по загадувачот
-

Тема на денот со Марија Андоновска директорка на Институтот за јавно здравје
-

Комисија за заразни болести - по црвените инфекции може да се појави и жолтица во Гостивар
-

АХВ ја укина забраната, водата во Валандово е повторно безбедна за пиење
-

Пет години за спас на Охридскиот регион - УНЕСКО го одложи впишувањето на листата во опасност
