Во Градско реализирани пет милиони евра субвенции

Од 2006 до 2015 година земјоделците во Градско имаат добиено пет милиони евра субвенции најмногу за лозарство, поледелство и овоштарство, рече денеска заменик-министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Ванчо Костадиновски по средбата со земјоделците од оваа општина.
Костадиновски нагласи дека Владата ќе продолжи да им помага на земјоделците и заеднички со нив да ги решава проблемите во аграрот.
Осврнувајќи се на досегашните активности во Градско, заменик-министерот информира за канализациската мрежа, инфраструктурните проекти и изградбата на улиците. Во делот на водостопанството, рече, се работи на техничка документација за добивање техничка вода за село Виничани.
- Освен во земјоделството, Владата инвестира и во руралниот развој, со цел подобрување на животот на локалното население, подвлече Костадиновски.
На состанокот, земјоделците укаажаа на потребата од санација на мостот на реката Вардар во село Уларци. Костадиновски ги повика на меѓуресорен состанок во Министерството за да се разгледа проблемот и да биде, како што истакна, решен што поскоро.
Во реонот на Градско моментно е во тек огласот за закуп на околу 100 хектари државно земјоделско земјиште.
Ново на Сител
-

ВМРО-ДПМНЕ: Врските на Заев и Филипче со политиките на Путин
-

СДСМ: Toшковски да поднесе оставка
-

250 анкетни листови од кочанчани против бетонизација кај „Панаѓурот“
-

Струмица започна долгорочен проект за озеленување на околината на градот
-

Поскапуваат градинките во Охрид
-

Преглед на вестите од светот
-

Експерти: Посетата на Руте, потврда за улогата на Македонија во НАТО
-

Тема на денот со Милан Стефаноски, воено-безбедносен аналитичар
