Во гради пешачко-рекреативна патека во Крива Паланка
Во Крива Паланка денеска почна да се гради пешачко-рекреативна патека во должина од 868 метри со вкупна вредност од околу пет милиони денари и рок за изградба четири месеци.
- Оваа рекреативна патека е заслуга на општинската администрација. Не треба да се припишува на мене како градоначалник, ниту на некој по мене кој ќе дојде, туку заслуга е на сите луѓе од проектниот тим кои напорно работеа и на апликацијата, а работат напоредно и на други апликации за проекти во интерес на граѓаните, изјави градоначалникот на Крива Паланка Борјанчо Мицевски.
Патеката ќе се гради во шумскиот предел со видик над градот, со финансии во рамки на проектот „Туризам без граници“ кој општина Крива Паланка го имплементира со општина Витина, Република Косово, во рамки на ИПА-Програмата за прекугранична соработка меѓу Република Македонија и Република Косово. Дел е финансиран и од општинскиот буџет
Ново на Сител
-
Премиерот фрли лопата - Нова инвестиција вредна 40 милиони евра и 600 нови вработувања
-
О2 бара државата да забрани увоз на половни возила постари од 10 години
-
Преглед на вестите од светот
-
Мицкоски: ДУИ креира тензии
-
Запленети 4 тона марихуана
-
Бишев: Владата ги носи економските политики
-
Петрова: Даноците се собираат според планот
-
О2: Владата да забрани увоз на автомобили постари од 10 години