Во Гостивар отворена нова детска градинка

Министерот за труд и социјална политика Диме Спасов и градоначалникот на општина Гостивар, Невзат Бејта денеска ја пуштија во употреба новата детска градинка, што се наоѓа во близина на гостиварскиот интернат.
Спасов напомена дека подолого време се барало начин како да се излезе во пресерт на барањата на родителите за зголемување на капацитетите на градинките во гостиварската општина.
- Заедно со градоначалникот на општина Гостивар излеговме во пресрет и најдовме објект кој може да се адаптира и реновира и да се стави во употреба. На мое големо задовоство денеска ја отвораме и оваа градинка која е седма по ред реализирана инвестиција во отворање градинки ширум Македонија. И понатаму како министерство, продолжуваме со реализиција на конкретни активности ширум нашата држава. Очекувам дека до крајот на годината ќе отвориме уште пет нови градинки, рече Спасов.
Тој најави и реализација на плановите за зголемување на капацитетот за згрижување на деца од предшколска возраст, за идната година, подвлекувајќи дека веќе се утврдени дваесет локации.
Задоволство од соработката искажа и градоначалникот на општина Гостивар, Невзат Бејта.
- Тоа тоа беше барање на граѓанаите од поодамна. Излеговме во пресрет и заеднички со министерството вложивме 4 милиони денари. Од нив, општината издвои 1,8 и остатокот го инвестира министерството. Во новата градинка создадовме добри услови за децата и капацитетот се зголеми за уште 120 деца во простор од 380 кавдратни метри и голем двор, рече градоначалникот Бејта.
Директорката на ЈУ Детска Радост, Наташа Саздова подвлече дека освен новите подобрени услови, со отврањето на новата градинка, листите на чекање ќе се намалат за над осумдесет отсто.
Ново на Сител
-

Анализите од ЦЈЗ Тетово покажале исправна вода, Клековски: Да се објават и останатите резултати
-

Пожарот во Мариово ќе гори со денови, ако ја премине Црна или патот ќе прерасне во најголем пожар во регионот
-

Охриѓанецот Дарко со владин авион транспортиран во Берлин
-

Средба Муцунски – Мацинка: Членството на Македонија во ЕУ приоритет за Чешка
-

Во завршна фаза реконструкцијата на шест училишта во кои ќе се воведе едносменска настава од септември
-

За школски прибор се потребни до 10.000 денари, утре ќе се знае дали ќе има „училишна кошничка“
-

Евростат објави благ пораст на инфлацијата во еврозоната, ЕЦБ ќе одлучува за повисоки камати
-

Open AI го лансираше „Chatgpt за тинејџери“: Дали сега младите се побезбедни во дигиталниот свет?
