Во Гостивар ќе се отвара Центар за млади

Општина Гостивар во соработка со невладината организација Демокраси Лаб (Democracy Lab) ќе отворат Центар за млади во кој младите гостиварци ќе добиваат помош за нивниот развој на личен и професионален план.
Обврските околу отварањето на идниот центар за млади локалната самоуправа ги стави во меморандум за соработка, кое го потпишаа градоначалникот Арбен Таравари и Сефер Селими директор на Демокраси Леб.
- Основната цел на овој ценатр е развој на заедницата, поголема социјална кохезија, создавање на генерации на граѓани кои се активни и свесни за нивните одговорности и права. Предрасудите и спречувањата на насилствата во било која форма меѓу младите ќе се решаваат во овој центар со промовирање толерантно општество и мултикултурните вредности, изјави Сефер Селими директор на Democracy Lab.
Градоначалникот Таравари истакна дека оваа иницијатива заслужува поддршка и дека локалната самоуправа е подготвена во иднина целосно да го преземе финансирањето на проектот функционирање на центарот.
Отворањето е планирано за наесен и во него ќе се спроведуваат програми и проекти за поддршка за градење кариера, претприемништво, за лидерство, а во него ќе се одржуваат креативни, културни настани и воннаставни активности за учениците.
Финансиска поддршка за отварање на Центарот за млади во Гостивар е обезбедена од Амбасадата на САД во Македонија.
Ново на Сител
-

Со интервенции на пазарот регионот се бори против нафтената криза
-

Опозицијата бара мерки
-

Муцунски: Враќањето на македонските државјани е бесплатно, уште два лета се организираат неделава
-

Назначен нов ајатолах, војната на Блискот Исток продолжува
-

Сведок за „Пулс“: Пред Кочани, ДНК имале инцидент со прскалки и во Гевгелија
-

Дел од повредените од Пулс се уште одат на физикална терапија
-

Муцунски разочаран од Софија по забраната за Менкиновски - најавува дипломатска реакција
-

Нови сведоштва за пожарот во кочанската дискотека
