Во Горно Крчишта одбележан патронот на црквата „Свети Спас“
Во Горно Крчишта, општина Маќелари, околија Пешкопеја, вчера беше одбележан патронот на црквата Св.Спас, што традиционално се прави во неделата по празникот, откако поголемиот број од жителите се иселиле од селото.
-Ова беше 12-та традиционална средба на која присуствуваа Македонци, кои сеуште живеат во ова село, а кои ги има се помалку по број, како и оние кои влечат корени од ова село, а сега живеат во други делови на Албанија, како и во Македонија, меѓу нив и семејства од Дебар, кој е на оддалеченост од десеттина километри, пренесува електронското издание на весникот „Илинден“.
Како и изминатите години богослужба одржа свештеникот Ристо Кумбароски од Кичево, кој потекнува од ова село.
Во селото Крчишта има пет цркви и за сите нив се грижат самите Македонци. Црквата Свети Спас датира од 1232 година и од страна на албанските власти е прогласена за споменик на културата. Беше преосветена во јуни 2009 година откако со помош на Македонците од Крчишта, посебно на Левко Радевски, кој од Крчишта беше доселен во Дебар, беше поправен кровот и обновена оградата.
Ново на Сител
-
Попладнево избувна голем пожар кај валандовско Грчиште, изгорени неколку штали
-
Трамп за Маск: Можеби ќе го депортирам, можеби ќе му го пуштам „DOGE“
-
Германија финансира дронови за Украина
-
Зеленски одликува 226 украински војници
-
ЕК демантира дека Фон Дер Лајен имала „долг“ разговор со Вучиќ
-
Србија заостанува зад другите кандидати за членство во ЕУ, тврди данската министерка за надворешни работи
-
Муртезани: Реформите и заедничкиот пазар се наш компас кон стабилност, единство и иднина
-
Повредени две лица во сообраќајка во Куманово