Во голем дел локализиран пожарот во Богданци
Во голем дел е локализиран и ставен под контрола пожарот што вчера попладне избувна во околината на Богданци. На непристапните места тој се уште е активен, информираа од Регионалниот центар за управување со кризи и Дирекцијата за заштита и спасување од Гевгелија.
Во гаснењето на пожарот вчера и во текот на ноќта учествуваа пожарникари од Гевгелија, Струмица и Валандово, вработени во подружницата на Шумско стопанство „Кожуф“ од Гевгелија и месното население. Тие успеаја да го изгаснат пожарот, кој поради ветерот се ширеше кон селата Стојаково и Селемлија и да го стават огнот под контрола во тешко пристапните терени.
Пожарот го следат пожарникари со две специјализирани возила на ТППЕ Гевгелија, кои останаа да дежураат со цела да не се дозволи негово повторно проширување.
Според првичната проценка на шумските работници, со пожарот е зафатена површина поголема од 60 хектари. Еден дел од пожарот успеал да се префрли на територијата на Грција, но брзо бил изгаснат од грчките пожарникари.
Ново на Сител
-
Преглед на вестите од светот
-
21-ви „Марш на ангелите“ во Кочани
-
Тема на денот со Славјанка Петровска, пратеник
-
Партиите со меѓусебни обвинувања за скандалот во АНБ
-
Тошковски: Обвинителството не реагира на поднесените пријави
-
Муцунски: Бараме предвидлив и доследен пат до ЕУ
-
На Македонците во Италија се уште не им се прифаќаат возачките дозволи со новото уставно име
-
Невработеноста паѓа. Расте и бројот на лице кои работат на црно