Во ГОБ „8-ми Септември“ повторно работи неврохируршката служба, оперирани двајца пациенти

По повеќе години пауза, во Градската општа болница „8-ми Септември“ повторно се обновува неврохируршката служба. Во рамки на обновената работа, денеска се успешно оперирани двајца пациенти со тежок деформитет на ’рбетниот столб и стеноза на спиналниот канал - соопшти ГОБ „8-ми Септември“.
Интервенциите, како што информираат, се изведени согласно најсовремените медицински протоколи, а пациентите се во стабилна постоперативна состојба.
ГОБ „8-ми Септември“ посочува дека обновувањето на службата претставува значаен чекор кон унапредување на здравствените услуги и обезбедување континуирана, современа и квалитетна неврохируршка здравствена заштита.
Со повторното активирање на Неврохируршката служба, појаснуваат, пациентите ќе имаат пристап до дијагностика, оперативен третман и постоперативна грижа за широк спектар на неврохируршки состојби, вклучувајќи заболувања на мозокот, ’рбетниот столб и периферниот нервен систем.
- Нашата цел е да обезбедиме безбедна, ефикасна и навремена здравствена услуга, со фокус на добросостојбата и квалитетот на живот на пациентите - велат од болницата.
Истакнуваат дека повторното функционирање на Неврохируршката служба ќе придонесе за намалување на потребата од упатување на пациентите во други здравствени установи, како и за подобрување на достапноста на специјалистичка здравствена заштита во нашата средина.
МИА
Ново на Сител
-

Евакуација на македонските граѓани
-

Водата во Струга и натаму не е безбедна за пиење
-

Земјоделците: Државата ни должи над 100 милиони евра субвенции
-

Опозицијата не дојде на расправа за реформски закон
-

Тема на денот со Вивиен Ајсен, амбасадорка на Израел во Македонија
-

Одбиено барањето за спојување на судските постапки за трагедијата во „Пулс“
-

Државата мора да издвои повеќе пари ако сака да се справи со семејното насилство
-

Продолжен притворот за 48 часа за сопругот на Ивана, по трагедијата во Карпош
