Македонија
10. јуни 2019 - 13:16

Во Гевгелиско над 80 пожари во првиот квартал од годината

Во првиот квартал од годинава на териториите на општините Гевгелија, Богданци и Дојран се случиле 85 пожари кои биле локализирани и изгаснати од страна на Територијалната противпожарна единица од Гевгелија која дејствува во сите три општини на југоистокот.

Поради ова и фактот дека најголем дел од пожарите се случиле на отворен простор, градоначалникот на Гевгелија, Сашо Поцков на денешниот состанок на Регионалниот штаб за превенција побара од претставниците на државните органи и јавни претпријатија да ги утврдат потребните превентивни мерки за заштита од пожари во пресрет на летниот период.

Во расправата беше нагласено дека треба да се побара од јавните комунални претпријатија да извршат проверка на исправноста на сите хидранти и да се формираат мешовити патролни служби кои редовно ќе вршат контроли, а беше побарано и заострување на казнената политика за предизвикувачите на пожари.

Покрај ова, од Дирекцијата за заштита и спасување ќе биде побарано итно да го пополни испразнетото работно место општински инспектор за пожари.