Во Гевгелија се реализира годишната програма за изградба на канализациска мрежа
Реализацијата на годишната програма за изградба на нова канализациска мрежа за атмосферски и отпадни води во општина Гевгелија, почна со изведбените работи на канализациската линија на улицата „Христо Узунов“ во Гевгелија.
Програмата,според градоначалникот Сашо Поцков,ќе опфати делови од Гевгелија во кои постојната канализациска мрежа е застарена и населените места каде таа се уште е неизградена.
– Годинава планираме неколку зафати, но не само во Гевгелија.Наша цел е сите населени места да добијат канализациски линии така што активностите најпрво ќе ги насочиме кон реализација на веќе изготвените проекти за Смоквица и Милетково, како и на пречистителната станица во Моин, рече Поцков при денешната обиколка на изведбените работи на улицата „Христо Узунов“, во Гевгелија.
Поцков потврди дека општината веќе распишала тендер за изработка на проекти и оти очекува наскоро да бидат изработени и проекти за канализациски линии во Ново Конско, Габрово и Петрово кои се последните населени места во општина Гевгелија кои немаат канализација.
Ново на Сител
-
Доживотна казна затвор за убиството на Вања и Панче, ослободителна пресуда за Ѓорчевски
-
Инфраструктурни и медицински проекти на Детската клиника
-
НАТО Самит во Хаг
-
Славески препорачува укинување на банкарските провизии
-
Незадоволство во Бугарија по усвојувањето на извештајот за Македонија во ЕП
-
Како во едно големо семејство се одвива рехабилитацијата на повредените на Пониква
-
Тема на денот со Васко Наумовски, поранешен вицепремиер за евроинтеграции
-
Вработените во јавниот сектор ќе примаат подароци до 50 евра, без да се сметаат за мито