Македонија
22. July 2016 - 13:25

Во Гевгелија се чистат речните корита

На територијата на општина Гевгелија почна летната акција за чистење на речните корита заради превентивна заштита од можно излевање на надојдена вода во случај на поројни дождови.

Согласно Акцискиот план, како што информираат од општината, летово ќе се чистат и санираат коритата на Сува и Мрзенска река и горниот дел на одводниот канал „Рауљ“. Исто така предвидено е да го прочисти и јазот преку кој потпланинската атмосферска вода се слева во „Рауљ“ и неретко при пообилни врнежи предизвикува проблеми.

Од општина Гевгелија велат дека за реализација на целата акција се обезбедени околу 2,1 милион денари од општинкиот буџет и оти работата и е доверена на фирма од Битола