Во Гевгелија регистрирани две дечиња со морбили
Првите два случаи на дечиња заболени со морбили се регистрирани и во Гевгелија,потврди денеска епидемиологот Сашко Олумчев од подрачната единица на Центарот за јавно здравје во Гевгелија појаснувајќи дека тие се испратени веднаш на натамошно третирање на Инфективната клиника во Скопје.
На територијата на општина Гевгелија, според доктор Олумчев, се регистрирани 163 невакцинирани деца против мали сипаници и оти на нивните родители им се испратени покани да ги донесат децата на вакцинирање.
– За период од изминативе три недели вакциниравме 52 дечиња и очекувам дека до крајот на идниот месец ќе завршиме со вакцинирање на сите регистрирани невакцинирани деца на територијата на општина Гевгелија, рече доктор Олумчев.
Во градинките во Гевгелија нема да се примаат невакцинирани деца, а таа мерка ќе продолжи да се применува и по завршувањето на епидемијата.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Изет Меџити, од Демократско движење
-
„Велигденски Кули“ - Најуникатниот обичај во Македонија
-
Почина папата Франциск
-
Папата Франциск - Единствен кој ја посети Македонија
-
На предлог-извештајот на Вајц за земјава поднесени 313 амандмани
-
Синдикатот на културата утре излегува на протест
-
За три дена скопската Брза помош интервенирала кај 45 граѓани кои колабирале на јавни места
-
АХВ уништи небезбедна храна, најчесто се продавала во Охрид и Струга