Македонија
1. March 2016 - 13:52

Во Гевгелија одбележана 111 годишнината од смртта на илинденецот Сава Михајлов

Со пригодна свеченост денеска во Гевгелија беше одбележана 111 годишнината од смртта на илинденецот Сава Михајлов, во организација на општинското здружение на борците.

Свежо цвеќе пред споменикот на Сава Михајлов, лоциран во центарот на градот, положија делегацијата на општина Гевгелија предводена од претседателот на Советот, Драги Хаџи-Николов и делегации на борците,пензионерите,политичките партии и здруженија на граѓани.

- Сава Михајлов, како близок соработник на Гоце Делчев, учествувал во многу акции против отоманскиот поробувач, меѓу кои и во најпознатата за грабнувањето на мисионерката Мис Стон. На денешен ден сам си го одземал животот во нерамноправна борба. Тој претставува континуитет и неговото име во Гевгелија не згаснува. Првиот партизански одред што беше формиран во регионот го носеше неговото име,рече меѓу другото во своето обраќање Јани Ташковски од општинката боречка организација.