Во Гевгелија намалена цената на услугата за прочистување на отпадната вода
- Домаќинствата во општина Гевгелија ќе плаќаат 25 отсто пониска цена за услугата за прочистување на отпадната вода, а фирмите 10 отсто помалку во однос на претходно утврдената цена од страна на Регулаторната комисија, прифатија советниците на општина Гевгелија по предлог на ЈПКД „Комуналец“.
Според едногласно донесената одлука, цената за прочистување отпадна вода за домаќинствата од 13,37 се намали на 10,44 денари за метар кубен, а за правните субјекти од 27,23 е намалена на 24,30 денари од метар кубен.
Мислењата на советниците беа различни и се движеа од барање простор за поголемо намалување на цената па се до нејзино укинување што го побараа независните советници кои предложија за таа сметка цената на водата за пиење да се зголеми за два до три денари за сите корисници. Советниците од опозицијата бараа дури одлагање на точката со образложение дека намалувањето треба да биде многу поголемо и цената да изнесува 7,5 денари за кубен метар прочистена отпадна вода.
Градоначалникот Сашо Поцков во своето обраќање истакна дека во септември менаџментот на јавното комунално претпријатие од Гевгелија ќе направи пресек на параметрите заедно со Регулаторната комисија по што ќе се види дали има простор за намалување и на оваа цена едноглано прифатена со компромис од сите советници за да не се доведе во прашање ликвидноста на „Комуналец“.им/скс/
Ново на Сител
-
Последен ден за кампања - пораки на кандидатите
-
Парламентарни избори 2024
-
Седница на ДИК за приговори од граѓани за лично избирачко право
-
Производителите на зелка бараат обештетување поради ниската откупна цена
-
Евростат: Невработени во март биле 13,2 милиони лица во Унијата, на Германија до 2035 ќе и фалат 7 милиони работници
-
Преглед на вестите од светот
-
Последен ден од кампањата - Партиите и коалициите со завршни митинзи
-
Над 200 болни и 203 затвореници утре ќе гласаат во Штип