-->
-->
Во Гевгелија мала излезноста во првите два часа од гласањето
-->
Во општина Гевгелија се надминати проблемите со апаратите за отчитување на лични податоци поради што гласачкиот процес беше забавен, рече Митко Ризов од ОИК Гевгелија. Излезноста до 9 часот е мала и изнесува 3,9 отсто, односно гласале 752 од запишаните 19.076 граѓани во гласачкиот список.
Во општина Богданци, од запишаните 6.633 граѓани со право на глас, на 12 избирачки места излегле 313 граѓани, или 4,73 отсто. Во Валандово до 9 часот својот глас го дале 405 граѓани, односно 4,05 отсто од евидентираните гласачи.
Во општина Дојран, каде што немаше проблеми со биометричките апарати до 9 часот гласале144 од запишаните 2.678 граѓани, што во проценти претставува излезност од 5,38 отсто.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Тема на денот со отец Горан Стојчевски
-
Верниците го слават Велигден, црквата со порака за национално обединување и надминување на разногласијата
-
Со биење на камбаните најавено Христовото воскресение во Охрид
-
Вообичаен број интервенции на скопската Брза помош за продолжениот празничен викенд
-
Ден на македонскиот јазик
-
Групацијата за осигурување во вторник носи одлука дали ќе ги врати парите за полисите на граѓаните кои платија поскапо
-
Политичарите испратија пораки за мир и спокој на Велигден
-
Парламентарни избори 2024