Во Гевгелија лани собрани помалку единици крв од планираното
Општинскиот Црвен крст од Гевгелија на полето на крводарувањето во 2015 година потфрли за нешто повеќе од 30 отсто, па така наместо планираните 984 биле собрани 645 крвни единици, информираа денеска надлежните служби.
- Од постигнатиот резултат, иако нецелосен како до сега, сепак мора да бидеме задоволни затоа што во неговата нецелосна реализација голем влог има бегалската криза од која ние се најдовме меѓу најпогодените. Нашите активисти и медицинските екипи беа и се уште се ангажирани по цел ден во ПТЦ Гевгелија така што од планот не успеавме да спроведеме три акции кои беа планирани токму во тој период. Со нив резултатот сигурно ќе беше многу подобар, рече секретарот Младен Бундов.
Стивнувањето на бегалскиот бран, според Бундов, овозможил оваа година добро да почне па до сега, како што рече, се собрани повеќе од 50 крвни единици од акцијата што беше реализирана во Богданци.
Ново на Сител
-
Во Берово утрово - 4 степени, дневната температура од 14 до 20 степени
-
Протест во Анкара поради апсењето на градоначалникот на Истанбул
-
Истрага против три лица за трговија со пет килограми марихуана
-
Од руско заробеништо вратени 4.306 украински војници
-
„Солун во молк за Кочани“ – точно напладне собир на солунскиот плоштад
-
Лишен од слобода возачот кој удри малолетничка во Ѓорче Петров
-
Пожарот во Струмичко е ставен под целосна контрола
-
Српскиот патријарх одржа молитва за жртвите во Кочани