Во Гевгелија ќе бидат засадени 230 дрвца

Во Гевгелија почна акцијата за пролетно обновување на повеќегодишните дрвја крај поголемите сообраќајници и одредени делови од градот.
Општина Гевгелија информира дека 230 дрвца ќе бидат засадени на Западниот булевар, поточно на потегот од семафорите на улицата „Деко Ковачев“ до населбата Караорман. Дрворедот ќе го сочинуваат дрвца од јавор и див костен со поголема развиеност, кои ќе бидат засадени од двете страни на булеварот.
Во наредниот период дрвца ќе се садат и на други поголеми сообраќајници во Гевгелија со цел за граѓаните да се обезбеди заштита од сонцето и да се потврди традиционалната препознатливост на градот, кој отсекогаш изобилувал со дрвореди и зеленило.
Со садењето на дрвцата, паралелно се инсталира и систем за наводнување „капка по капка“ кој треба да овозможи побрзо развивање на садниците.
Ново на Сител
-

Партиски препукувања за сторени злоупотреби и криминални шеми
-

ВМРО-ДПМНЕ: Обвинителството не го видело извештајот на ДЗР?
-

Ракот на кожа не бира возраст - превенција и рано откривање порачуваат дерматолозите
-

Петта јавна трибина за важноста на органодонорството одржана во Струмица
-

Младински земјоделски задруги - можност младите да се задржат во своите родни огништа во руралните средини
-

Младите не ја знаат доволно сопствената историја
-

Преглед на вестите од светот
-

Зошто Уставни измени се единствена тема на СДСМ
