Во Гевгелија хуманитарен концерт „СРВ Фест“

Во Гевгелија денеска ќе биде одржано петтото издание на хуманитарниот концерт „СРВ Фест“ чија цел, според организаторите, е да собира хуманитарни средства за лицата кои имаат потреба од итна финаниска помош.
Негова визија е, велат тие, да биде традиционален и преку хуманитарни акции да обезбедува помош за лицата кои боледуваат од тешки болести.
Во организација на хуманитарното здружение „Ристо Калиников“ концертот се организира во чест на поранешниот гитарист на групата „Аквариус“ од Гевгелија кој ја изгуби битката со подмолната болест во 2012 година.
На летната сцена во дискотеката „Де Факто“ во Гевгелија својот настап го потврдија Ѓоко Таневски, Онија Блузерине, Кросграунд Блуз Бенд и Шатдаун. Собраните средства ќе бидат наменети за лекување на младиот Игор Геленчев.
Ново на Сител
-

Скопје одбројува до Новата година
-

Прилеп се подготвува за новогодишниот дочек
-

Новогодишна атмосфера во Струмица
-

Специјален новогодишен Дневник на Сител
-

Екс директорот на затворот во Шутка осуден на осум месеци затвор
-

Негуватели на стари лица оставени без хонорар за Нова година
-

Скопје се подготвува за дочекот на Новата година
-

Пораки од државниот врв
