Во Германија значително е зголемен бројот на напади врз бегалци
Бројот на напади врз бегалци и баратели на азил во Германија е значително зголемен оваа година, објави денеска германската Влада.
„Во првите три квартали од оваа година евидентирани се 1.515 политички мотивирани напади врз бегалци и баратели на азил, што е повеќе од целата претходната година“, се вели во одговорот на германската Влада на истрагата на пратеничката група на Левицата во Бундестагот.
Најголем број напади, две третини, им се припишуваат на извршителите од политичкото милје од екстремната десница.
Партијата на левицата го критикуваше зголемувањето на насилството врз бегалците и барателите на азил и го поврза ова зголемување со актуелната дебата за ограничување на илегалната имиграција во Германија.
Сојузната влада и претставниците на сојузните покраини неодамна договорија пакет мерки кои треба да резултираат со намалување на бројот на бегалците, кои од почетокот на оваа година повторно во зголемен број доаѓаат во Германија.
Меѓу другото, мерките вклучуваат зголемена контрола на границите како и укинување на социјалните бенефиции за бегалците, што треба да ја намали атрактивноста на Германија како дестинација за мигрантските текови.
Германските граѓани во анкетите на јавното мислење го наведуваат токму проблемот со неконтролираната имиграција како најголем социјален проблем. Партиите како десничарската Алтернатива за Германија (AfD), кои се противат на сите форми на имиграција, имаат најголема корист од ова расположение.
Ново на Сител
-
Судски Совет: Изречената воспитна мерка за Васил Јованов е согласно законот
-
Интерпелациите за Судскиот совет на седница до 10 март
-
Предлогот за разрешување на Коцевски патува кон Советот на Јавни обвинители
-
Резолуциите во Обединетите нации и денеска причина за обвинувања помеѓу власта и опозицијата
-
Зеленски во петок кај Трамп
-
Мицкоски: Маркетите кои картелски се здружуваат, ќе одговараат
-
Значајна инвестиција
-
Дисциплинска комисија ќе утврдува зошто доктор уролог „хистерично“ викал во амбулантите на клиниката