Во Германија во септември азил побарале 43.000 лица

Во Германија во септември биле поднесени 43. 071 барања за азил или за 126 проценти повеќе во споредба со истиот месец од минатата година, пренесоа светските агенции, повикувајќи се на Министерството за внатрешни работи.
Околу 164.000 лица минатиот месец биле регистрирани во системот за првично распределување на кандидати за азил, со што регистрираните во системот од почетокот на годината достигнаа бројка од 577.000, соопшти министерството во денеска објавеното соопштение.
Најмногу, или една третина, од кандидатите за азил во Германија се Сиријци. Следуваат Албанците, Авганистанците, Ирачаните и Србите.
Министерството за внатрешни работи не посочи колку од вкупно пристигнатите минатиот месец се мигранти, но се претпоставува дека се околу 280.000.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Сефер Селими, политички аналитичар
-

ДИК бележи намалена излезност
-

Повторени избори во 4 општини
-

Излезноста до 18:30 e 28.07%
-

Повторени избори во 4 општини
-

ДИК бележи намалена излезност
-

МВР нема регистрирано инциденти
-

100 евра казна на лице место ако ве фатат со цигара каде е забрането
