Во Германија вакцинирани над еден милион луѓе дневно
Во Германија 1,1 милиони луѓе се вакцинирани против коронавирус за еден ден, изјави денеска министерот за здравство Јенс Шпан.
Тоа е нов позитивен рекорд за една европска земја при зголемените размери на кампањата за вакцинација.
Со 1,089 милиони дози инјектирани вчера во Германија, најголемата европска економија имунизира повеќе од еден процент од своето население првпат во рок од 24 часа, истакна Шпан.
– Ова покажува со колку голема брзина работиме, изјави министерот за забрзаното темпо на вакцинација од почетокот на кампањата кон крајот на минатата година.
Досега само Кина, Индија и САД успеаја да ја надминат оваа дневна бројка. Во Европа, Велика Британија претходно го држеше рекордот според најголем број вакцинации за едно деноноќие – со 874.000 дози дадени на 20 март.
Вкупно 21,6 милиони луѓе или 25,9 проценти од населението во Германија, примиле барем една доза на вакцина против Ковид-19.
Ново на Сител
-
Советниците на средба со превозниците во Град Скопје
-
Тема на денот со Ненад Марковиќ
-
Советниците на средба со превозниците во Град Скопје
-
Уставни измени
-
Преглед на вестите од светот
-
Редовна седница за пратенички прашања
-
Шилегов со ,,Во бестрага'', ВМРО-ДПМНЕ со критики: СДСМ доби ново раководство
-
Сиљановска во официјална посета на Црна Гора