Во Германија уапсен маж, кој со секира повреди четири лица
Германската полиција уапси еден маж откако со секира повреди четири лица во брз воз во јужна Германија.
Нападот се случил во воз што ја поврзува Германија со главниот град на Австрија, Виена. Инцидентот се случи додека возот се наоѓал на делницата помеѓу Штраубинг и Платлинг. Во возот имало околу 500 патници.
Поради нападот беше прекинат железничкиот сообраќај, а на повредените им е пружена помош во блиските болници.
Од неодамна во Германија се регистрирани голем број напади. Во мај, жена избоде повеќе од десетина луѓе на главната станица во Хамбург. Во февруари, маж со автомобил влета во демонстранти во Минхен, убивајќи две лица и повредувајќи повеќе од 20. Во декември, маж уби шест лица и повреди повеќе од 200 кога со автомобил влета во божиќен пазар во Магдебург.
Ново на Сител
-
Греко го затвори надзорот – Македонија со напредок во борба против корупцијата
-
Ахмети им даде по 3 места на Таравари и Села
-
За изградба на автопататот Кичево-Охрид ќе требаат повеќе пари
-
Електронски пари без банка, нова услуга од Иуте
-
Преглед на вестите од светот
-
Три куќи изгореа во пожар во Злокуќани, двајца пожарникари побарале лекарска помош
-
Општинските власти бараат поригорозни санкции за пироманите
-
Дали ќе има нови мерки за високите цени?