Во Германија се зголемува бројот на работници со скратено работно време
Во Германија бројот на работници со скратено работно време се зголеми за првпат од јануари, а во периодот август – ноември се зголеми од 76.000 на 187.000, соопшти Минхенскиот институт за економски истражувања ИФО.
Според Институтот, енергетската криза предизвикува благо зголемување на скратеното работно време во Германија во производствените активности, а порастот е најизразен во преработувачката индустрија каде бројот на работници со скратено работно време се зголемил од 59.000 на 151.000.
ИФО наведува дека тие податоци ги добил врз основа на спроведени истражувања, како и податоци од германската Федерална агенција за вработување.
Во автомобилската индустрија бројот на работници со скратено работно време се зголемил од 14.100 на 33.400, а во хемиската индустрија од 7.400 на 21.200.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Александар Даштевски, претседател на ДИК
-
Мостот „Беласица“ целосно функционален
-
Зошто Токсикологија не почитува мерки на надлежни институции
-
Ќе се врати ли старата цена на осигурување за регистрација на возилата?
-
Обвинителството со огромен број докази за распределбата на спортски ваучери
-
ДУИ притиска: Без нас нема Влада - Од ВМРО-ДПМНЕ децидни Ахмети останува во опозиција
-
Парламентарни избори 2024
-
Вапцање велигденски јајца в зори на Велики Четврток