Во гаснење на пожарот над Отовица вклучени авиони на ДЗС и полициски хеликоптер
Два авиона „Ер трактор“ за Дирекцијата за заштита и спасување и еден полициски хеликоптер интервенираат во гаснење на големиот шумски пожар над село Отовица што изби попладнето околу 14 часот.
-Со пожарот е зафатана борова шума, а во негово гаснење се вклучени и 20-тина пожарникари со противпжарни возила, десетина вработени од ЈКП„Дервен“ и месното население од село Отовица кое живее во близина на пожарот, информира за МИА, градоначалникот на Велес Марко Колев кој е на терен во подршка на лицата вклучени во гаснење на пожарот.
Тој појасни дека пожарот е на истата локација каде завчера исто така имаше пожар, но со тоа што сега е зафатена и гори поголема површина на борова шума и тоа на непристапен терен.
-Баравме гаснење од воздух бидејќи станува збор за непристапен терен,потенцира Колев.
Пожарот е во близина на автопатот Велес-Скопје каде поминуаат илјадници возила, а Колев се сомнева дека можеби отпушок од цигара фрлен од кола е причината за пожарот.
- За краток временски период од само два дена се случува од автопатот да се прошири пожарот, кон шумата. Не можам да тврдам само можам да претпоставувам дека причината е можеби отпушок од цигара фрлен од кола, потенцира Колев.
Истрагата на СВР Велес треба да утврди што е причината за овој голем шумски пожар.
Ново на Сител
-
На ГП Табановце се чека околу 20 минути
-
Пожарот кај Тиквешко Езеро под контрола, изгаснат пожарот кај Мушов Гроб
-
Суд пресуди дека царините на Трамп се незаконски, тој порача дека царините остануваат
-
САД одобри продажба на Патриот системи на Данска за Украина
-
Сијарто: Проблемот е што со Европската Унија владее елита
-
Претпладне сончево, попладне локален пороен дожд и грмежи
-
ДИК: 13 постапки за независни кандидати за градоначалници, во пет општини се собираат потписи за советници
-
Макрон: Нема да поднесам оставка