Во Гамбија прогласена вонредна состојба

Гамбиските власти денеска прогласија 90-дневна вонредна состојба во земјата, еден ден пред истекот на мандатот на актуелниот шеф на државата Јахја Џамех, кој претрпе пораз на претседателските избори во декември минатата година, јави ДПА.
Џамех, кој ја извршува претседателската функција веќе 22 години, одби да ги признае резултатите од изборите одржани на 1 минатиот месец, на кои победи опозицискиот кандидат Адама Бероу.
Министерството за информации на Гамбија минатата недела соопшти дека Џамех нема да ја напушти функцијата по истекот на мандатот на 18 јануари, се додека Уставниот суд не се произнесе по неговиот приговор со кој ги оспорува изборните резултати.
Судот требаше да се произнесе по жалбата на Џамех минатиот понеделник, но седницата беше одложена бидејќи на неа дојде само еден уставен судија.
Од друга страна, Бероу соопшти дека планира да ја преземе должноста шеф на државата на 19 јануари, како што е предвидено, меѓутоа во саботата тој ја напушти земјата и замина за сенегалскиот главен град Дакар.
Сенегалскиот претседател Маки Сал му пружи убежиште на Бероу на барање на Економската заедница на државите од Западна Африка, чии претставници претходно не успеаја да го убедат Џемах да се повлече од функцијата.
Аналитичарите стравуваат дека ваквата состојба би можела да доведе до тензии и насилство во земјата.
На изборите одржани на 1 декември минатата година, Бероу, кој беше кандидат на опозициската Коалиција 2016, освои 43,3 отсто од гласовите, додека Џамех доби 39,6 проценти.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Драган Кочински, епидемиолог и раководител на Одделот за епидемиологија на заразни заболувања во ИЈЗ
-

Расте бројот на заразени со западно-нилска треска
-

Нова бактерија во водоводната мрежа во Гостивар, најави за питка вода се уште нема
-

ДКСК го оспорува предлог-законот за „Скопје – Европска престолнина на културата“
-

Цената на суровата нафта расте – Мицкоски очекува горивата да паднат во понеделник
-

Тензично во Собрание меѓу ДУИ и спикерот Гаши
-

Стоилковиќ: Општините се соочуваат со недостиг од кадар, стартува проект за студентска пракса
-

Мисајловски од Штип: Армијата со нова опрема и мисија
